| has gloss | mkd: Мелничко востание , Мелничка авантура , (во бугарската историјографија познато и како бг.Четническата акция ). Организатор на сето движење била македонската емигранска организација во Бугарија која во почетокот фигурирала под името Македонскиот комитет, односно Врховен македонско-одрински комитет. Треба да се истакне дека врз основа на големината на четите, бројот на учесниците, времетраењето како и врз основа на територијата која била опфатена со акцијата, не може да се говори за востание во вистинска смисла на зборот, меѓутоа во духот на историската традиција, сета акција се нарекува Мелничко востание. Цел на акцијата Да се привлече вниманието на Големите сили, за да се принуди Отоманската империја да го реализира членот 23 од Берлинскиот конгрес, тоа било нејзина меѓународна обврска . Треба да се истакне дека Македонскиот Комитет не увидел дека неговата дејност може да се искориси од страна на бугарската влада и бугарскиот кнез во сопствена корист, што и се случило со признавањето на Фердинант. |